ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (https: //montenegro-macedonia.mk)
Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ги обработува податоците на корисниците при посета на интернет страница https://montenegro-macedonia.mk/.
Со пристапот или со користењето на оваа веб страна, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на веб страната.
Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот, обемот и целта на кој ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму:“корисник”) при посета на интернет страницата https://montenegro-macedonia.mk/ (понатаму: ”интернет страница”).
Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да не контактирате и да ни поставите прашања или напишете коментари или да донирате преку нашата веб страница, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Вашите лични податоци ги обработуваме во согласност со Законот за заштита на личните податоци[1].
ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, како контролор на лични податоци, применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница. Сепак, доставувањето на личните податоци преку Интернет во принцип може да има безбедносни пропусти и не може да се гарантира апсолутна заштита.
- Дефиниции
- Назив и адреса на контролорот
- Како ги применуваме начелата за заштита на личните податоци?
- Која е правната основа и целта за обработка на Вашите лични податоци?
- Кои категории на лични податоци ги обработуваме?
- Собирање на општи податоци и информации
- Заштита на лични податоци при користење на epay модулот на Халк банка АД Скопје како обработувач на плаќање
- Во кој рок ги чуваме личните податоци?
- Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци?
- Дали и на кого ги откриваме Вашите лични податоци?
- Кои се Вашите права како субјекти на личните податоци?
- Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци
- Известување за измени и дополнувања на оваа политика
- Промена на политиката на приватност од Контролорот
- Прифаќање на условите
1. Дефиниции
Лични податоци
Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
Субјект на личните податоци
Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.
Обработка на личните податоци
Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
Ограничување на обработката на податоците
Ограничување на обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.
Профилирање
Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.
Контролор
Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.
Обработувач
Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
Корисник
Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.
Трето лице
Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.
Согласност
Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
2. Назив и адреса на контролорот
Здружение на граѓани ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА .
ул. АНКАРСКА бр. 29 А
1000 Скопје
Република Северна Македонија
Телефон: +389 2 3 119 068
Е-маил адреса: crnogorskazednicamk@yahoo.com
Веб страница: https://https://montenegro-macedonia.mk/
3. Како ги применуваме начелата за заштита на личните податоци?
Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци
Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме исклучиво врз основа на Ваша согласност.
Ограничување на целта на обработката на личните податоци
Вашите лични податоци на веб страницата се собираат и обработуваат за да ви одговориме на прашањата и коментарите кога не контактирате, во случај кога донирате средства за да може да обезбедиме топол дом и грижа за секое дете, како и за да ви испраќаме електронско издание на нашиот билтен.
Вашите лични податоци не се предмет на натамошна обработка за цели различни од првично дефинираните.
Ограничување на обемот на личните податоци
Обработката на личните податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполнат целите на обработката. Обемот на личните податоци е соодветен на она што е потребно за исполнување на целите, определени во точка 5 од оваа политика за приватност. Доколку се појави потреба за дополнителна обработка на Вашите лични податоци, ќе Ве информираме и ќе побараме Ваша согласност за таа дополнителна обработка.
Точност на личните податоци
Спроведуваме разумни мерки за потврдување на точноста, за исправка и/или бришење на неточните лични податоци кои ги обработуваме. Покрај овие мерки, Ви овозможуваме да го остварите Вашето право да побарате исправка, дополнување или бришење на личните податоци на лесен и едноставен начин.
Ограничување на роковите на обработка на личните податоци
ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА води грижа, Вашите лични податоци да се чуваат во роковите предвидени во точка 10 од оваа политика за приватност. По изминувањето на роковите или по исполнување на целта за обработката, Вашите лични податоци се бришат.
Интегритет и доверливост на личните податоци
ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа веб страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.
4. Која е правната основа и целта за обработка на Вашите лични податоци?
Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци како нејзини посетители.
Правна основа
Правна основа за обработка на Вашите лични податоци преку формите поставени на веб страницата, и тоа: „Приступница”, „Newsletter“, „Уплата чланарине” и“Донирај за заједницу” е Вашата согласност.
Согласноста е правна основа и за објавување на фотографии на нашата веб страница.
Цели
Преку „ Приступница “ ги обработуваме Вашите лични податоци за да станете член на заедницата.
Преку „ Уплата чланарине “ и преку формата „ Донирај за заједницу “ ги обработуваме Вашите лични податоци како донатор на средства со кои помагате да егзистира заедницата за да може да ги зачува вредностите на Црногорската историја и култура
Преку формата „Newsletter“ ги обработуваме Вашите лични податоци за да Ви испраќаме електронско издание на нашиот билтен. Електронското издание на нашиот билтен може да го добиете на е-пошта или Viber, само врз основа на Ваша согласност која имате право да ја дадете при пристап на нашата web страна со одбирање на опцијата: “Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса или Viber”.
Може да се одјавите од добивање на електронски билтен преку опцијата: “За да се одјавите од овој newsletter, Ве молиме кликнете тука.”
5. Кои категории на лични податоци ги обработуваме?
Преку „ Приступница “ ги обработуваме Вашите лични податоци за да станете член на заедницата.
Вашите лични податоци при што како категорија на лични податоци кои ќе бидат обработени од наша страна, се:
- име и презиме,
- податоци за контакт (адреса, град и поштенски код, е-маил адреса)
- IP адреса (се зачувува автоматски)
Преку „ Уплата чланарине “ и преку формата „ Донирај за заједницу “ ги обработуваме Вашите лични податоци како донатор на средства со кои помагате да егзистира заедницата за да може да ги зачува вредностите на Црногорската историја и култура
Задолжителни податоци
- име и презиме
- Телефон
- е-маил адреса
- податок за сумата за членство или донација
- IP адреса (се зачувува автоматски)
Незадолжителни податоци
- компанија
Newsletter (електронски билтен):
За редовно да бидете известени за активностите на ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, имате можност да се пријавите да го добивате нашиот билтен (newsletter).
Нашиот билтен може да го добивате само ако (1) имате важечка е-маил адреса и телефонски број и (2) ако сте се пријавиле за достава на билтенот.
Доколку сакате да Ви го испраќаме нашиот билтен во електронска форма, потребно е да го внесете Вашиот личен податок:
- е-маил адреса
- телефонски број (за достава преку апликацијата Viber)
- IP адреса (се зачувува автоматски)
Фотографии
На нашата веб страница објавуваме фотографии исклучиво врз основа на претходно дадена согласност од страна на лицата кои се сликани на фотографијата.
6. Собирање на општи податоци и информации
Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.
При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.
7. Заштита на личните податоци при користење на epay модулот на Халк банка АД Скопје како обработувач за донираните средства
На нашата веб страница интегрирана е компонентата https://epay.halkbank.mk/ на Халк Банка АД Скопје. Еpay на Халк банка АД Скопје е услуга за плаќање која овозможува безготовинско плаќање на Интернет. Еpay на Халк банка АД Скопје е техничка постапка со која ние, веднаш добиваме потврда за наплата на донацијата.
Податоци кои се разменуваат со Еpay на Халк банка АД Скопје за цели на реализација на процесот на плаќање и спречување злоупотреби се: почетен датум, краен датум, број на донација (трансакцијата), идентификациски број, име и презиме на донаторот, назив на банката, тип и статус.
Важечки одредби за заштита на личните податоци на Халк банка АД Скопје можат да се најдат на следниот линкови:
Доколку одлучите да донирате личните податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
9. Во кои рокови ги чуваме личните податоци
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци за некоја од целите на користење на веб страницата на ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, Вашите лични податоци ќе бидат избришани.
Личните податоци доставени преку:
- „Приступница“ се чуваат до денот на писмено откажување.
- „ Уплата чланарине “ или „Донирај за заједницу“ се чуваат ____ од денот на донацијата.
- „Newsletter“ се чуваат до повлекување на дадената согласност
- Фотографите се бришат најдоцна во рок од ____ години од нивното објавување на веб страницата.
Вашите лични податоци ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани.
Ако престанала целта заради која се обработуваат или ако истече рокот на чување, пропишан во нашите интерни акти, личните податоци се бришат или се ограничува нивната обработка.
10. Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци?
ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА не донесува поединечни одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци вклучувајќи и профилирање.
11. Дали и на кого ги откриеме Вашите лични податоци согласно закон
Вашите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на Вашите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе Ве известиме на соодветен начин.
Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа Политика, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.
12. Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?
а) Право на потврда
Како субјект на лични податоци (посетител или корисник на веб страницата или донатор на средства) имате право да добиете потврда од ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА дали ги обработуваме Вашите лични податоци.
б) Право на пристап
Во секое време, имате право да добиете информации од ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА за Вашите лични податоци, како и копија од овие податоци. ЗЗЛП Ви гарантира пристап до следниве информации:
- цел на обработката;
- категории на личните податоци;
- корисници или категории на корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци;
- ако е можно, време на чување на личните податоци или ако тоа не е можно, критериумите користени за одредување на времето на чување;
- постоење на право да се бара исправка или бришење на лични податоци или ограничување на обработката на лични податоци;
- постоење на право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци;
- кога личните податоци не се собрани од Вас, сите достапни информации за изворот на лични податоци;
- постоење на автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање, и во тие случаи, релевантни информации за вклучената логика, како и значењето и предвидените последици на таквата обработка за субјектот.
Покрај тоа, имате право да добиете информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја, како и за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.
в) Право на исправка
Имате право да добиете исправка на Вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.
г) Право на бришење („Право да се биде заборавен“)
Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:
- Личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или за кои се обработуваат;
- Сте ја повлекле согласноста на која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка;
- Сте приговарале на обработката;
- Обработката на личните податоци е незаконита.
д) Право на ограничувања за обработка
Имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:
- ја оспорувате точноста на личните податоци, за период кој ќе ни овозможи да ја провериме нивната точност;
- обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето на личните податоци, а наместо тоа бара ограничување на нивната обработка;
- ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА нема повеќе потреба да ги обработува Вашите лични податоци, но Вам Ви се потребно за воспоставување, остварување или одбрана на Вашите правни барања;
- Приговарате на обработката, во очекување на верификација дали нашите легитимни интереси преовладуваат над Вашите интереси.
ѓ) Право на повлекување согласност за заштита на податоците
Согласноста за обработка на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време.
Контролорот за заштита на личните податоци ќе постапи по Вашето барање за остварување на Вашите права без одлагање.
13. Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци
Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
14. Промена на политиката на приватност од Контролорот
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страница, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страница, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
15. Прифаќање на условите
Со користењето на интернет страницата https://montenegro-macedonia.mk/, се согласувате со условите од Политиката за приватност на ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Доколку не се согласувате, Ве молиме не ја користете интернет страницата на ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.
Скопје, 05.09.2025 година