U REPUBLICI MAKEDONIJI
Vlada Crne Gore

Vlada R. Makedonije

MVPEI

Dijaspora

Moja Crna Gora

На ден 20.02.2017 година Заедницата на Црногорците од Република Македонија поднесе предлог иницијатива за меѓусебна соработка помеѓу: ДСУ за рехабилитација и образование “Св.Наум Охридски” од Скопје и Ресурсниот центар за образование и оспособување “1 Јуни” од Подгорица. На наше големо задоволство, иницијативата наиде на позитивен одговор од двете страни.

Можноста за соработка помеѓу институциите од Црна Гора и Република Македонија е одлична можност за взаемен просперитет и надополнување во сите сегменти на општествено – хуманистичкиот дух и задоволување на потребите на овие лица во пошироки рамки.

Главните предности и погодности од остварувањето на оваа иницијатива се состојат во тоа што преку остварената соработка овие две установи ќе имаат една сигурна основа за заеднички да ги зголемат своите капацитети во мисијата за унапредување на здравјето, статусот и општествената положба на овие лица како и придобивки во остварувањето на многубројни активности на меѓународно ниво.