U REPUBLICI MAKEDONIJI
Vlada Crne Gore

Vlada R. Makedonije

MVPEI

Dijaspora

Moja Crna Gora

Претседателството на својата седница одржана на ден 27.09.2018 година го донесе следниот
ПРЕДЛОГ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ НА ЗАЕДНИЦАТА НА ЦРНОГОРЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

ПРЕДЛОГ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ

НА СТАТУТОТ НА ЗАЕДНИЦАТА НА ЦРНОГОРЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Врз основа на чл. 18 од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр. 56/16), изборното Собрание на  Заедницата на Црногорците во Република Македонија, на седницата одржана во Скопје на ден 28.10.2018 година, согласно чл. 41 и чл. 43 од Законот за здруженија и фондации и согласно чл.25 од Статутот на ЗЦГМ донесе измена и дополнување на  Статутот на Заедницата на Црногорците во Република Македонија

        Член 1

Врз основа на Член 1 од предлогот за изменување и дополнување на статутот на Заедницата на Црногорците во Република Македонија, ставот (1) од член 2 од статутот на Заедницата на Црногорците во Република Македонија се менува и гласи: “ЦРНОГОРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”,  скратен назив на здружението е: “ЦЗРМ”

Член 2

Секаде во статутот на Заедницата на Црногорците во Република Македонија, називот се менува и гласи скратениот назив: ”ЦЗРМ”

 Член 3

Содржината на член 3 се менува и гласи: “Седиштето на ЦЗРМ е во Скопје на ул. “Анкарска” бр.29А”

 Член 4

Ставот(3) од членот 5 се менува и гласи: “Печатот има тркалезна форма со испишан текст Црногорска заедница во Република Македонија, во средина на печатот е амблемот на здружението”.

Ставот (4) од членот 5 се менува и гласи: “Штембилот има правоаголна форма со испишан текст Црногорска Заедница во Република Македонија, број и празен ред за впишување на број, дата, Скопје”.

Член 5

Во текстот на статутот секаде каде што стои називот Република Црна Гора се менува и стои називот: “Црна Гора”.

Член 20 се менува на начин што зборовите: “и непречен пристап во просториите на ЗЦГМ” се бришат.

Член 6

Членот 21 став 1 точка б се менува и гласи:

“Со исклучување и бришење од членството по одлука на Собранието, а по предлог на Претседателството на ЦЗРМ  заради непочитување на усвоените правила, а особено поради:

–           повреда на Статутот и другите општи акти на ЦЗРМ

–           работа спротивна на интересите и програмските определби на ЦЗРМ”.

Став (2) од член 21 се брише.

Член 7

Членот 22 се брише.

Член 8

Во членот 24 алинеја 4 се брише.

 Член 9

Во член 25 став (1) точка а се бришат зборовите: “донесува програма за работа на ЦЗРМ”.

Во член 25 став (1) точка б се бришат зборовите: “насоки и план на работа за периодот од една година или по исклучок за пократок период”. Во истиот член во точка в се бришат зборовите: “и финансиски план за наредната година”. Точка ѓ од член 25 се брише.

Член 10

Став (1) алинеја 1 од членот 28 се менува и гласи:

“На седницата на собранието членовите на собранието се претставени преку: членовите на претседателството, извршниот одбор, надзорниот одбор и претставниците на секој од ограноците-клубовите”.

“Во работата на собранието можат да учествуваат сите членови на ЦЗРМ присутни по своја волја, со право на дебатирање и предлагање”.

Алинеја 4, став 1 од членот 28 се брише.

Член 11

Во став (1) од член 29 бројот 11 (единаесет) се заменува со бројот 15(петнаесет).

Ставот (2) од член 29 се менува и гласи: “мандатот на членовите на Претседателството трае 4 (четири) години со право на еден последователен реизбор”.

Ставот (3) од член 29 се брише.

Член 12

Ставот(2) од член 29 се менува и гласи: “Мандатот на членовите на претседателството е во траење од 4 (четири) години со право на еден реизбор”.

Член 13

Во член 30 алинеја 2 бројот 7(седум) се менува со бројот 9(девет).

Член 14

Во член 31, став (1), алинеја 8 зборовите: “решава за” се менуваат со зборот “предложува”.

Член 15

Првата реченица од ставот (1) од член 32 се брише.

Ставот(3) од член 32 се менува и гласи: “Мандатот на Претседателот на ЦЗРМ трае 4 (четири) години со право на уште еден последователен реизбор. За својата работа е одговорен пред Претседателството и собранието. Во случај Претседателот да не ги врши своите задачи во согласност со целите и задачите на ЦЗРМ по предлог на Собранието Претседателството одлучува за негово отповикување со двотретинско мнозинство”.

Член 16

Во член 38 став (1) алинеја 7 се менува и гласи: “Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 4 (четири) години со право на уште еден последователен реизбор”.

Член 17

Во член 39 став (1) алинеја 7 се менува и гласи: “Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4(четири) години со право на уште еден последователен реизбор”.

Член 18

Во член 48 став 1, алинеја 2 се менува и гласи: “Со иницијатива на Претседателството на ЦЗРМ”.

Член 19

Во член 49, алинеја 1 зборовите: “извршен одбор” се заменуваат со зборот: “Претседателство”.

Во член 49, алинеја 2 се брише.